КОШАРКА – НБА

Лос Анџелес лејкерс, кој и годинава има силен состав, го претрпи и четвртиот пораз во низа од почетокот на сезонава во кошаркарската НБА-лига. Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук и другите, никако да излезат од лавиринтот порази и да ја остварат првата победа. Во четвртото коло загубија од Денвер со 99-110. Србинот Никола Јокиќ беше предводник на успехот со 31 кош и 13 скока, кај поразените Дејвис уфрли 22 поена, а имаше и 14 скока, а Џејмс постигна 14 коша.
Јанис Адетокумпо придонесе со дури 43 поени во триумфот на Милвоки со 110-99 против Бруклин (ист резултат како и Денвер – ЛА лејкерс), во чии редови, пак, се истакнаа Кевин Дурант со 33 и Кајри Ирвинг со 27 поени. На Бруклин ова му е трет пораз од четири одиграни средби сезонава.
Досега во новата сезона без победи покрај Лос Анџелес лејкерс од Западната конференција е уште и Сакраменто, кој е без триумф на трите досега одиграни средби (синоќа играше со Мемфис), а од Источната конференција вкусот на победата не го почувствувал само Орландо, кој има пет порази во низа. Г.И.