Домашните тимови владеат откако почна модерниот систем на плејоф во Евролигата пред речиси две децении. Во текот на следните три недели ќе дознаеме дали веројатно најконкурентната сезона некогаш го прави овој момент поинаков, пишува Евролигата

КОШАРКА – ЕВРОЛИГА, ПОЧНУВА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО

Без разлика дали шутирате во познати кошеви, јадете и спиете во познати места или го слушате татнежот на познатите навивачи, предноста на домашниот терен е важна, пишува Евролигата на својата интернет-страница. Токму затоа тимовите низ светот се борат во најголемиот дел од секоја сезона обидувајќи се да ја освојат таа предност во плејофот. И јасно е дека во екот на сезоната, кога се бркаат најамбициозните цели, се чини дека предноста од играње дома е најважна во кошаркарската Евролига, пишува Евролигата.
Во овој век стапката на натпревари од регуларната сезона на Евролигата што ги добиваат домашните тимови е доста константна. Во 18 од 23 сезони, таа стапка е помеѓу 60,8 и 65,8 отсто. Единствената повисока сезона беше 2010/2011, со 70,0 проценти, што се покажа како најлошата сезона досега за домашните тимови во плејофот. Стапката на победи на домашен терен во лигата пред плејофот сезонава е 63,4 отсто, иако за подоминантните плејоф-тимови таа стапка е 80,2.
Во плејофот, каде што може да се претпостави дека мечевите меѓу најдобрите тимови ќе донесат повеќе изненадувања, се случи спротивното, тимовите што имаа предност на домашен терен победија со стапка 80,9 отсто од сите плејоф-серии од 2005 година. Како почеток и крај на сериите во плејофот, доминацијата на домаќините тежи уште повеќе. Тимовите домаќини победиле во 85,3 отсто од првите натпревари во сериите од 2005 година и се пласирале на фајналфорот во 89,7 проценти од тие серии. Играњето на последниот натпревар од која било серија е најдобрата гаранција за успех, пишува Евролигата. Девет решавачки меча помеѓу 2005 и 2008 година доведоа само до еден гостин победник, Басконија над Панатинаикос во 2006 година, давајќи им на домашните тимови стапка на победа од 88,9 отсто. Во ерата на сериите до три победи домашните тимови во натпреварот број пет се непобедливи со 15-0, пишува Евролигата. Тоа е комбинирана стапка на успех од 95,8 отсто за домашните тимови во решавачките мечеви од плејоф-сериите. Само уште почнувањето на серијата со водство со 2-0, што резултира со пласман на фајнлфор во 25 од 25 случаи, се покажа како гаранција колку и домаќинството на решавачкиот меч од некоја серија, пишува Евролигата.

Дали сезонава може да биде поинаква? Има причини да се разгледа таа можност, пишува Евролигата. Жељко Обрадовиќ е тренер на шестиот носител Партизан, без предност на домашен терен против третиот носител Реал Мадрид. Обрадовиќ победил во 12 од 13 серии во плејофот во овој век, сите освен гореспоменатиот пораз на Панатинаикос од Басконија во 2006 година. Тој исто така ја има единствената победа со 3-0 во историјата на плејофот со тим што ја почна својата серија на гости, Фенербахче, во сезоната 2017/2018, која продолжи со освојување на трофејот на фајнлфорот. Другата, поширока причина да се верува дека сезонава може да биде поинаква е малата разлика од регуларниот дел од сезоната, пишува Евролигата. Откако сите тимови почнаа да играат секој со секого од сезоната 2016/2017, никогаш немало толку мала разлика меѓу тимовите од плејофот во однос на победите. Последен фактор што не може да се занемари е тоа што четирите тима што ќе го почнат претстојниот плејоф на гостински терен се рангирани меѓу првите шест екипи според бројот на гледачи сезонава. Уште повеќе, освен серијата помеѓу Олимпијакос и Фенербахче, секој од другите повеќе од двојно ја надминува просечната посетеност во однос на своите противници на домашен терен, пишува Евролигата.
Сепак, поголемата посетеност може да има друг ефект. Многу гостински играчи се исто така возбудени што играат во преполни сали. И, се разбира, ниту еден не би бил меѓу четирите најдобри тима во натпреварувањето доколку играњето пред голема противничка публика беше, само по себе, доволно за да ги спречи, пишува Евролигата.

Тимовите од петтото до осмото генерално се квалификуваат подоцна во плејофот и затоа мора брзо да преминат од еуфорија на напорна работа пред играњето без предност на домашен терен. Тоа е голема задача, но не и невозможна, пишува Евролигата. Од 2005 година, барем еден тим победил во 10 од 17 сезони, или 58,8 отсто. Откако серијата беше проширена на пет натпревари, тие имаа малку поголем успех, во осум од 13 сезони (61,5 отсто), победил најмалку еден аутсајдер, а двапати повеќе од еден. Тоа никогаш не беше случај со сериите до две победи, кога победија само два од 16 тима со понизок пласман во регуларниот дел од сезоната. Во ерата на сериите до три победи, од 2010 година, таа стапка се зголеми на 21,2 отсто, бидејќи аутсајдерите освоија 11 од 42 серии. И во сите, освен еден од нив, тие ја користеа истата формула, рана победа на гостински терен. Тимовите со повисок пласман што победија во првите два меча имаат 25-0 во сериите до три победи и 15-0 во натпреварот број пет. Сите четири годинашни предизвикувачи, Макаби, Партизан, Жалгирис и Фенербахче, имаат предност со тоа што знаат дека нивните клубови се издигнале на истата задача во минатото, пишува Евролигата. Аутсајдерите, ако победат во серијата, обично стануваат сериозни претенденти на фајнлфорот, откако од тие 11 неносители што напредуваа од 42 серии од 2010 година, шест станаа шампиони, други два тима се второпласирани или, накратко, во осумте сезони во кои барем една екипа се проби на фајнлфорот, аутсајдерот го крена трофејот шест пати, пишува Евролигата.
Домашните тимови владеат откако почна модерниот систем на плејоф во Евролигата пред речиси две децении. Во текот на следните три недели ќе дознаеме дали веројатно најконкурентната сезона некогаш го прави овој момент поинаков, пишува Евролигата. Н.М.


ЕВРОЛИГА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Монако – Макаби 20.15 ч.
Реал Мадрид – Партизан 20.45 ч.
Барселона – Жалгирис утре, 20 ч.
Олимпијакос – Фенербахче утре, 20.45 ч.
се игра до три победи