Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025

Во групата Х, македонската селекција игра со Естонија на 23 февруари, во Скопје, а три дена подоцна на гости со Полска

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, го објави поширокиот список со кошаркари што ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојните февруарски квалификациски мечеви за пласман на Европското првенство (ЕП) в година, објави Кошаркарската федерација на Македонија.

Во првото коло на групата Х, Литванија дома игра со Полска на 22 февруари, а македонската селекција на 23 февруари, во Скопје, со Естонија. На 26 февруари се дуелите Полска – Македонија и Естонија – Литванија.

Од оваа група на ЕП 2025 ќе играат најдобропласираните две репрезентации, како и Полска, како еден од домаќините на шампионатот, кој ќе се игра и на Кипар, Финска и во Летонија. На континенталното првенство ќе настапат вкупно 24 репрезентации.

Состав: Ненад Димитријевиќ, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Теодор Симиќ, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Лејсон Зеќири, Андреј Андоноски, Бобан Стајиќ, Резард Мемед, Амар Хот, Андреј Шошкиќ, Марин Петков, Марко Миловановиќ, Андреј Митревски, Виктор Ташовски, Ти Џеј Шортс и Итан Хап. Н.М.