Фото: ЕПА

ФОРМУЛА 1

Луис Хамилтон (39) е подготвен за неочекувана преселба во Ферари за сезоната 2025, пишува „Би-би-си“. Неколку извори велат дека тврдењата за врски помеѓу седумкратниот шампион и Ферари треба да се прифатат сериозно, пишува „Би-би-си“. За Ферари во сезоната 2025 ќе вози Шарл Леклер. Хамилтон, кој ја освои неговата седма светска титула во 2020 година, го потпиша својот нов двегодишен договор со Мерцедес во август, со што би го продолжил неговиот период со тимот на 13 години. Тој освои шест од неговите седум шампионски титули за возачи со Мерцедес, а првата ја освои со Мекларен, во 2008 година. Г.И.