Фото: Фејсбук/Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во финалето на Австралија опен го победи Гркот Стефанос Циципас со 3:0, по сетови 6:4, 7:6 и 7:6. Со тоа Ѓоковиќ по 10-ти пат во кариерата го освои турнирот во Австралија и по 22 пат дојде до трофеј на Грен слем изедначувајќи се со Шпанецот Рафаел Надал на вечната листа победници.

Српскиот тенисер имаше седум аса, направи три двојни грешки и реализира две од пет брејк топки. Циципас имаше 15 аса, три двојни грешки и една реализирана брејк топка од три шанси.

Циципас ја продолжи серијата порази од Ѓоковиќ која трае 10 меча. Сега нивниот биланс во меѓусебните средби е 11:2. Австралија опен 2023 се играше за награден фонд 51,5 милиони долари.