ФУДБАЛ
Со заокружувањето на домашната клупска фудбалска сезона, познати се сите 26 тима, директни учесници во групната фаза на Лигата на шампионите за следната сезона. Преостанатите шест учесници ќе бидат познати по одигрувањето на квалификациските натпревари.
Од 26-те клуба, 12 се некогашни европски шампиони, и тоа Манчестер јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, Интер, Милан, Баерн, Борусија Дортмунд, Бенфика, Порто, Феенорд, Селтик и Црвена звезда.
Бројката на континентални прваци што ќе играат во следната сезона на Лигата на шампионите може да се зголеми за уште два, откако во плејофот за влез во групната фаза ќе настапат Марсеј и ПСВ Ајндховен.
Од некои претходни изданија на најсилното европско клупско фудбалско натпреварување, сезонава и во 2021/2022, на пример, во групната фаза играа по 14 поранешни европски прваци, 13 настапија во сезоната 2018/2019, по 12 учествуваа во сезоните 2017/2018 и 2020/2021, еден помалку во сезоната 2019/2020 итн.