СП ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 17 ГОДИНИ

Останаа уште три слободни места во осминафиналето на Светското првенство (СП) за фудбалери до 17 години, кое се игра во Индонезија. Досега меѓу 16-те најдобри се пласираа репрезентациите на Еквадор, Англија, Франција, Германија (актуелен првак на Европа), Мали, Мароко, Сенегал (актуелен првак на Африка), Шпанија, САД, Узбекистан, Венецуела, Аргентина и на Јапонија (актуелен првак на Азија), пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Во осминафиналето ќе играат првопласираните две репрезентации од секоја од шесте групи, како и четирите најдобри селекции меѓу третопласираните во групите. Групната фаза на СП 2023 се заокружува денеска со мечевите во групите Ц, Е и Ф. Осминафиналето на програмата е од задутре.
Шампион на претходниот Мундијал за фудбалери до 17 години, игран во 2019 година, беше Бразил, кој е и актуелен првак на Јужна Америка за таа возрасна категорија.
Ова е 19-то издание на ова младинско првенство, а досега најмногу титули има репрезентацијата на Нигерија, пет, а потоа се Бразил со четири, Гана и Мексико со по две… Н.М.