- Најзначајната награда во светот на фудбалот ќе биде доделена на 26 октомври и за првпат во театарот „Лондон Паладиум“ во Лондон, Англија
Објавена е листата на триесетте кандидати за „Златната топка 2026“, а меѓу нив има многу големи ѕвезди, но и изненадувања, како што е отсуството на Челзи, иако Бразилецот имаше одлична сезона. Затоа, пак, на листата има двајца големи противници Лионел Меси и Родри. Во центарот на вниманието, секако, ќе бидат Ламин Јамал, Килијан Мбапе, Хари Кејн, како и ланскиот победник Усман Дембеле. „Златната топка 2026“, за фудбалер на годината, ќе биде доделена на 26 октомври и за првпат во театарот „Лондон Паладиум“ во Лондон, Англија. Ова издание ќе има посебно значење оти „Златната топка“, создадена од „Франс фудбал“ во 1956 година, ја слави својата 70-годишнина. Од 2024 година наградата е коорганизирана од „Франс фудбал“ (во сопственост на групацијата „Л’екип“) и УЕФА. Изборот на Лондон за град-домаќин му оддава почит на првиот добитник, англискиот фудбалер Стенли Метјуз, пишува „Би-би-си“.
Наградите „Златна топка 2016“ ги опфаќаат следниве категории: фудбалер на годината, млад талент, голман, тренер, клуб, напаѓач (сите во машка и женска конкуренција), како и награда „Сократес“, доделена од „Л’екип“ и „Пис енд спорт“ за иницијативи за солидарност и општествени цели.
Кандидати за „Златна топка 2026“: Одбранбени играчи: Ашраф Хакими (ПСЖ/Мароко), Нуно Мендеш (ПСЖ/Португалија), Маркињос (ПСЖ/Бразил), Вилијам Салиба (Арсенал/Франција). Среден ред: Родри (Манчестер С./Шпанија), Џуд Белингам (Реал М./Англија), Витиња (ПСЖ/Португалија), Жоао Невес (ПСЖ/Португалија), Фабијан Руиз (ПСЖ/Шпанија), Ворен Заир-Емери (ПСЖ/Франција), Деклан Рајс (Арсенал/Англија), Флоријан Вирц (Ливерпул/Германија), Педри (Барселона/Шпанија), Фермин Лопез (Барселона/Шпанија). Напад: Хари Кејн (Баерн М./Англија), Килијан Мбапе (Реал М./Франција), Ламин Јамал (Барселона/Шпанија), Лионел Меси (Интер Мајами/Аргентина), Ерлинг Халанд (Манчестер С./Норвешка), Винисиус Жуниор (Реал М./Бразил), Усман Дембеле (ПСЖ/Франција), Михаел Олисе (Баерн М./Франција), Дезире Ду (ПСЖ/Франција), Хвича Кварацхелија (ПСЖ/Грузија), Бредли Баркола (ПСЖ/Франција), Рандал Коло Муани (ПСЖ/Франција), Букајо Сака (Арсенал/Англија), Кол Палмер (Челси/Англија), Мохамед Салах (Ливерпул/Египет), Феран Торес (Барселона/Шпанија). Г.И.
































