Реми на олимпискиот првак, Синклер ја пропушти шансата да влезе во историјата на СП

СП 2023 ЗА ФУДБАЛЕРКИ

Олимпискиот првак Канада ремизира без голови со Нигерија во првото коло на Светското првенство за фудбалерки, кое се игра во Австралија и во Нов Зеланд. Кристин Синклер пропушти шанса да стане првата фудбалерка што постигнала гол на шест СП, откако не реализира пенал во почетокот на второто полувреме.
Од таа група, Б, завчера Австралија ја победи Република Ирска со 1-0. Во групата А, Швајцарија ја совлада селекцијата на Филипини со 2-0, а претходно Нов Зеланд славеше на дуелот со Норвешка со 1-0. Во групата Ц, Шпанија ја победи Костарика со 3-0, а од таа група денеска играат Јапонија и Замбија.
Актуелниот светски првак, репрезентацијата на САД, годинашниот Мундијал го почнува денеска, со дуелот со Виетнам (од три часот наутро), а денеска играат и Англија – Хаити и Данска – Кина.