Рашфорд израмни рекорд на Салах

Играчот на Манчестер јунајтед по третпат сезонава е прогласен за играч на месецот во Премиер-лигата

ФУДБАЛ

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд (25), по третпат оваа сезона е прогласен за играч на месецот во Премиер-лигата, израмнувајќи се со Мохамед Салах, кој го постигна тоа во сезоната 2017-2018 година
Рашфорд ја освои наградата во септември, јануари и февруари, постигнувајќи четири гола на пет натпревари, минатиот месец. Рашфорд досега беше прогласен за играч на месецот четири пати во својата кариера и беше на врвот на потесниот круг од шест играчи за февруари, во кој беа уште Келечи Ихеаначо, Бернд Лено, Емерсон Ројал, Манор Соломон и Оли Воткинс.
Тој постигна вкупно 26 гола, имаше девет асистенции во сите натпреварувања сезонава и е првиот играч што ја освоил наградата во последователни месеци, откако Илкај Гундоган го стори тоа во јануари и февруари 2021 година.
Ерик тен Хаг, кој ја освои наградата менаџер на сезоната за септември и февруари, го предводеше клубот до неговиот прв трофеј во изминатите шест години, освојувајќи го Купот на ЕФЛ. Црвените ѓаволи беа непоразени во февруари, освојувајќи 10 бода од четири натпревари и моментно се на третото место во Премиер-лигата. Г.И.