Светската фудбалска федерација (ФИФА), по објавувањето на составите на 32-те репрезентации што ќе играат на Светското првенство во Австралија и во Нов Зеланд, објави некои статистички податоци за возраста, висината, фудбалерките со 100 меча, најзастапените клубови… Во продолжение следуваат некои од податоците.
190 – Кристин Синклер постигна 190 репрезентативни голови, повеќе од 21 од 31 друга репрезентација од 23 играчи заедно. Единствените репрезентации чии фудбалерки имаат повеќе репрезентативни голови од легендата на Канада се Австралија, Бразил, Данска, Франција, Германија, Република Кореја, Холандија, Шведска, САД и Виетнам.
190 – Филипинската голманка Каија Јота е највисоката фудбалерка со 190 см. Венди Ренар, која има 1,87 метар, беше највисока фудбалерка на претходните три Светски првенства за жени (таа беше највисока заедно со Ерина Јаман во 2015 година).
40 – Две фудбалерки со по 40 години ќе настапат на СП 2023, централниот бек на Нигерија Ономе Еби и Кристин Синклер, која е три години постара од нејзиниот тренер Бев Пристман. Еби и Синклер би можеле да играат меѓу себе кога нивните репрезентации ќе се сретнат во Мелбурн на 21 јули. На натпреварувањето се појавија само двајца играчи во нивните 40-ти, одбранбената фудбалерка на САД, Кристи Рампоне, и плејмејкерката на Бразил, Формига, која имаше 41 година и 112 дена кога стана најстарата фудбалерка во историјата на турнирот.
22 – Вкупно 22 од 23 фудбалерки на Италија, Шпанија, САД и на Виетнам играа во нивната татковина кога беа објавени составите. Исклучок беа Џулија Драгони од Барселона во Шпанија, Џени Хермосо од Пачука во Мексико, Линдзи Хоран од Лион во Франција и Хујн Ну од Ланк Вилаверденсе во Португалија.

18 – Барселона, со 18 фудбалерки, е најзастапениот клуб на СП 2023. Фудбалерките на Барселона се во составите на Бразил, Англија, Италија, Нигерија, Норвешка, Шпанија, Шведска и на Швајцарија. Следни најзастапени клубови се Челси (17 фудбалерки), Арсенал (15), Манчестер сити (15) и Реал Мадрид (14).
16 – Кејси Фер ќе има 16 години и 26 дена кога Јужна Кореја ќе го почне СП 2023 со мечот со Колумбија на 25 јули. Ако напаѓачката, родена во САД, настапи на тој натпревар, или на следниот со Мароко пет дена подоцна, таа ќе стане најмладата фудбалерка во историјата на Светското првенство за жени. Други две фудбалерки со 16 години се Италијанката Џулија Драгони и Шеика Скот од Костарика.
10 – Десет фудбалерки ќе го почнат годинашниот планетарен шампионат како победници на шампионки, и тоа Саки Кумагаи (во 2011 година), Џули Ерц, Алекс Морган, Алиса Нехер, Кели О’Хара, Меган Рапино (сите во 2015 и во 2019 година) и Кристал Дан, Линдзи Хоран, Роуз Лавел и Емили Сонет (сите во 2019 година).
9 – Првпат во историјата, девет фудбалерки со барем 100 меча ќе играат на СП. Клер Полкингхорн (156 натпревари), Емили ван Егмонд (127), Сем Кер (120), Тамека Јалоп (112), Кја Симон (111), Стеф Катли (109), Кејтлин Форд (108), Алана Кенеди (108) и Лидија Вилијамс (102) се погрижија Австралија да го преземе рекордот од САД, кои имаа осум фудбалерки со 100 или повеќе натпревари, на СП 2019 во Франција.
5 – Пет од селекторите играле на светските првенства за жени, и тоа Шуи Кингсја (во 1991 и во 1995 година), Хеге Рисе (1991, 1995, 1999 и 2003), Пиа Сандхејџ (1991 и 1995 година), Мартина Вос-Текленбург и Инка Грингс (1999 и 2011). Рисе стана првенка и ја освои „златната топка“ во Шведска во 1995 година. Н.М.


Првпат СП со 32 репрезентации

Ова издание на Светското првенство (СП) за фудбалерки е проширено од 24 селекции на 32, кои се поделени во осум групи. Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето. САД, актуелен светски и првак на Северна Америка, се рангирани број еден во светот и играат за петтата светска титула, а од другите селекции ќе настапат и континенталните шампиони Бразил (Јужна Америка), Кина (Азија), Јужна Африка (Африка) и Англија (Европа), двократниот светски првак и финалист на Европското првенство (ЕП) во 2022 година, Германија, олимпискиот првак Канада и вицешампионот од Летните олимписки игри во Токио во 2021 година, Шведска, потоа Шпанија, во чиј состав се неколку победнички со Барселона во Лигата на шампионите, вклучувајќи ја и Алексија Путејас, која ја освои наградата „златна топка“ за најдобра светска фудбалерка за 2021 и за 2022 година, Холандија, која беше финалист на СП 2019 и победник на ЕП 2017, Австралија, предводена од суперѕвездата на Челси, Сем Кер…


ДВОЈКИ ЗА ПРВОТО КОЛО НА СП 2023

Група А: Нов Зеланд – Норвешка, Филипини – Швајцарија
Група Б: Австралија – Република Ирска, Нигерија – Канада
Група Ц: Шпанија – Костарика, Замбија – Јапонија
Група Д: Англија – Хаити, Данска – Кина
Група Е: САД – Виетнам, Холандија – Португалија
Група Ф: Франција – Јамајка, Бразил – Панама
Група Г: Шведска – Јужна Африка, Италија – Аргентина
Група Х: Германија – Мароко, Колумбија – Јужна Кореја
мечевите од првото коло ќе се играат од 20 до 25 јули