Фото: ЕПА

Јапонија беше светски првак во 2011 година и вицешампион во 2015 година, а на минатото СП, во 2019 година, играше во осминафиналето, како и Шпанија, која има и еден настап во групната фаза, на СП 2015

СП 2023 ЗА ФУДБАЛЕРКИ

Репрезентациите на Јапонија и на Шпанија први се пласираа во осминафиналето на деветтото Светско првенство (СП) за фудбалерки, што се игра во Австралија и во Нов Зеланд, по две одиграни кола.
Во групата Ц двете селекции ги забележаа вторите победи (Јапонија – Костарика 2-0, Шпанија – Замбија 5-0) и со по шест бода ги обезбедија првите две места во таа група.
Меѓусебниот дуел во третото коло, в понеделник, ќе реши која репрезентација, Јапонија или Шпанија, ќе го освои првото место во таа група (на Шпанија ѝ е доволно и реми), од која селекциите во осминафиналето ќе играат со најдобрите две репрезентации од групата А, во која се Швајцарија, Нов Зеланд, Филипини и Норвешка.
Јапонија беше светски првак во 2011 година и планетарен вицешампион во 2015 година, а на минатото првенство, во 2019 година, играше во осминафиналето, како и Шпанија, која има и еден настап во групната фаза, на СП 2015. Н.М.