Клупското светско првенство во 2025 година, идната сезона на Лигата на шампионите и нокаут-рундите во Лига Европа сезонава, се ефективно во игра во моментов и тоа им дава дополнителен поттик и на оние тимови што веќе по четвртото коло се пласираа во осминафиналето на ЛШ и екипите што се веќе надвор од конкуренција во ЛШ сезонава, пишува АП
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Групната фаза од Лигата на шампионите од утре влегува во последните две кола сезонава, а резултатите влијаат на пласмани во други меѓународни натпреварувања оваа и во следната сезона, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Клупското светско првенство (СП) во 2025 година, идната сезона на Лигата на шампионите (ЛШ) и нокаут-рундите во Лига Европа (ЛЕ) сезонава, се ефективно во игра во моментов. Тоа им дава дополнителен поттик и на оние тимови што веќе по четвртото коло се пласираа во осминафиналето на ЛШ во февруари, Манчестер сити, Реал Мадрид, Баерн, Интер, Сосиедад и Лајпциг, да продолжат да се залагаат за најдобри можни резултати, како и на шесте екипи што се веќе надвор од конкуренција во ЛШ сезонава, пишува АП.
Првиот приоритет е обидот да се освои едно од 10-те преостанати места во осминафиналето на ЛШ за сезонава. Наполи ќе се пласира понатаму со победа на гости кај Реал во Мадрид, Арсенал ќе помине со реми дома со Ленс, Атлетико Мадрид може да се пласира со победа против Феенорд… Сѐ е отворено во фасцинантната група Ф каде што Борусија Дортмунд, Пари сен Жермен, Милан и Њукасл уште можат да завршат на која било позиција на табелата во таа група. Еднакво е неизвесно меѓу Манчестер јунајтед, Галатасарај и Копенхаген во трката за второто место во групата А, зад Баерн…
Проширувањето на ЛШ од идната сезона во нов формат со 36 тима значи дека ќе се пласираат уште четири екипи и дека ќе има уште два загарантирани натпревара за секој тим во една лигашка фаза. Две од четирите дополнителни места ќе одат во земјите чии тимови колективно ќе имаат најдобар вкупен ефект во европските натпреварувања сезонава, пишува АП. Во моментов Турција и Белгија се на позиции за тие бонуси, откако клубовите од тие земји имаат најдобар просечен вкупен ранг кај Европската фудбалска унија (УЕФА) сезонава, 8,75, односно 8,40.
Новиот формат на клупското СП со 32 екипи, од тоа 12 од Европа, треба да се игра во САД, по следната сезона. Резултатите од ЛШ сезонава влијаат кои тимови ќе настапат на тоа СП. Манчестер сити, Реал Мадрид и Челси се пласираа на клупското СП како претходни три победници во Лигата на шампионите, а пласман ќе обезбеди и европскиот првак сезонава. Тоа остава осум или девет места што допрва треба да се одредат, но кои би можеле да одат кај тимовите со постојано добри резултати во четирите сезони во ЛШ од 2020 до 2024 година, пишува АП. Н.М.
ЛШ, ДВОЈКИ, 5. КОЛО ВТОРНИК
Група Е: Лацио – Селтик (18.45 ч.), Феенорд – Атлетико М. Табела: Атлетико 8, Лацио 7, Феенорд 6, Селтик 1.
Група Ф: ПСЖ – Њукасл, Милан – Борусија Д. Табела: Борусија 7, ПСЖ 6, Милан 5, Њукасл 4.
Група Г: Манчестер с. – Лајпциг, Јанг бојс – Црвена звезда. Табела: Манчестер с. 12, Лајпциг 9, Црвена звезда и Јанг бојс по 1.
Група Х: Шахтер – Антверпен (18.45 ч.), Барселона – Порто. Табела: Барселона и Порто по 9, Шахтер шест, Антверпен 0.
СРЕДА
Група А: Галатасарај – Манчестер ј. (18.45 ч.), Баерн – Копенхаген. Табела: Баерн 12, Копенхаген и Галатасарај по 4, Манчестер јунајтед 3.
Група Б: Севилја – ПСВ Ајндховен (18.45 ч.), Арсенал – Ленс. Табела: Арсенал 9, ПСВ и Ленс по 5, Севилја 2.
Група Ц: Реал Мадрид – Наполи, Брага – Унион Берлин. Табела: Реал Мадрид 12, Наполи 7, Брага 3, Унион Берлин 1.
Група Д: Бенфика – Интер, Сосиедад – Салцбург. Табела: Сосиедад и Интер по 10, Салцбург 3, Бенфика 0.
сите мечеви почнуваат во 21 часот, освен ако не е наведено поинаку