Денеска ќе се комплетира осминафиналето

ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА И КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

По денешните реванши од плејофот во два европски фудбалски купа, Лига Европа (ЛЕ) и Конференциската лига (КЛ), ќе се комплетира осминафиналето во двете натпреварувања, во кои титулите носат пласман во погорен ранг (од ЛЕ во Лигата на шампионите, а од КЛ во ЛЕ). Дербито на колото е дуелот на некогашните европски прваци Манчестер јунајтед и Барселона (реми во првиот меч, 2-2). Во осминафиналето на ЛЕ, како победници на групите, директно се пласираа Унион СЖ, Арсенал, Фрајбург, Ференцварош, Феенорд, Бетис, Сосиедад и Фенербахче, а меѓу 16-те најдобри во КЛ се Вест хем, Ница, АЗ, Слован, Вилјареал, Дјургарден, Истанбул Башакшехир и Сиваспор. Н.М.