Германскиот фудбалски репрезентативец Месут Озил го повредил коленото и е неизвесен за натпреварите на Мундијалот во Русија, објави „Билд“.

Озил е еден од најважните играчи за „панцерите“ и евентуално негово отсуство од Светското првенство ќе претставува огромен хендикеп за Германија.

Членот на Арсенал не тренира веќе четири дена, а официјалното соопштение од кампот на актуелниот светски шампион е дека тој има проблеми со грбот. Меѓутоа „Билд“ дојде до информации дека се работи за коленото и дека повредата е сериозна.

Озил е во репрезентацијата од 2009 година и досега има 90 натпревари за националниот тим и постигнати 23 гола.

Германија на Мундијалот се наоѓа во Ф-групата со селекциите на Мексико, Шведска и Јужна Кореја.