Димитриевски го брани ударот на Депај

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше меѓу најзаслужните за сензационалната победа на Рајо Валјекано над Барселона од 1-0, по која тренерот на Каталонците Роналд Куман доби отказ.

Димитриевски му одбрани пенал на Мемфис Депај во 72-та минута при резултат од 1-0, откако Вајлекано дојде во водство со голот на ветеранот Радамел Фалкао во 30-та минута во вчерашниот меч од 10-то коло на шпанското првенство.

– Забележливо е дека Барселона не играше на највисокото ниво. За нас е најважно што одигравме одличен меч и што победивме. На теренот се гледаше дека нема радост во фудбалерите на Барселона, во нивната игра нема страст. Веднаш се гледа дека многу им недостига Лионел Меси – изјавил по мечот Димитриевски.

Рајо Валјекано е петти на табелата со 19 бода по 11 одиграни средби, додека Барселона се наоѓа на деветтата позиција со 15 поени од 10 натпревари.

Куман ја предводеше Барселона на 67 натпревари на кои забележа 40 победи, 11 нерешени и 16 порази. Барелона сезонава го бележи го бележи најслабиот почеток во првенството од 1987 година.