Tехно

Најновата верзија на МекОС на „Епл“, наречена „Монтереј“, сега е достапна за преземање. Софтверот беше достапен во бета-верзија во последните неколку месеци, но сега е подготвен за секојдневна употреба.
Традиционално, „Епл“ објави нова верзија на МекОС на светската конференција за програмери во јуни, а новите функции вклучуваат можност за поставување на Мек за „Ерплеј“, за да може да работат ајфон и ајпед, како и софтверот „Шорткатс“. Меѓу другото, подобрени се и апликациите „Фејс тајм“ и „Квик ноут“, пишува „Д верџ“.
Се чини дека некои од најголемите иновации како „Јуниверзал контрол“ и „Шер плеј“ на почетокот нема да бидат достапни, но дека корисниците ќе ги добијат малку подоцна оваа есен.
„Јуниверзал контрол“ обезбедува опција за влечење-пуштање за пренос на датотеки помеѓу неколку различни уреди, а нуди и можност за контрола на повеќе уреди на „Епл“, вклучувајќи ги мек, мекбук и ајпед, со истото глувче и тастатура. „Шер плеј“ ќе ви овозможи да уживате во музика, ТВ-серии, филмови и многу повеќе за време на разговорите на „Фејс тајм“.