Досега 104 клуба имале фудбалери што со своите репрезентации станале шампиони на Европа, а по ЕП 2020, Јувентус стана четвртиот клуб со двоцифрен број прваци

По одигрувањето на финалето на Европско првенство (ЕП) 2020 вкупно 104 клуба во своите редови имале фудбалери, членови на репрезентацијата европски првак. Баерн остана лидер на оваа необична табела со 19 играчи со освоена континентална титула, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница.
Ниту една екипа не се приближи до успехот на Баерн (19 фудбалери), Реал Мадрид (16) и на Барселона (15), можеби со оглед на тоа што Германија и Шпанија се најуспешните репрезентации, со по три европски титули, пишува УЕФА. Сепак, со четири победници на ЕП 2020, и тоа Џорџо Кјелини, Федерико Киеза, Леонардо Бонучи и Федерико Бернардески, Јувентус стана четвртиот клуб со двоцифрена бројка фудбалери што станале европски прваци.
УЕФА, меѓу другото, пишува дека осум играчи на Баерн беа во триумфалниот состав на Германија на ЕП 1996, а шестмина во селекцијата на Западна Германија, која го освои турнирот во 1972 година, најзастапениот клуб чија матична репрезентација никогаш не го освоила трофејот е Челси со седум (Французите Дидие Дешам, Марсел Десаи и Франк Лебеф) на ЕП 2000, Шпанците Фернандо Торес и Хуан Мата на ЕП 2012 и Италијанците Жоргињо и Емерсон на ЕП 2020, Манчестер јунајтед има двајца победници на ЕП, голманите Петер Шмајхел со Данска во 1992 година и Фабиен Бартез со Франција во 2000 година итн.


КЛУБОВИ СО НАЈМНОГУ ФУДБАЛЕРИ ПРВАЦИ

Баерн 19
Реал Мадрид 16
Барселона 15
Јувентус 10
Бордо 9
Борусија Д. 9
Борусија М. 9
Интер 9
Валенсија 9
Милан 8
Монако 8
Челси 7
Слован Б. 7

Извор: УЕФА