Фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година ремизираше против Србија 0-0 во денешниот меч од квалификациите за Европското првенство во 2023 година, одигран во Охрид.

Голманот Давид Денковски беше меѓу најзаслужните за освоениот бод со низа одлични интервенции, меѓу кои и одбранетиот пенал на противничкиот напаѓач Слободан Тедиќ во 36-та минута.

Македонските надежи се обидуваа главно преку контранапади да го загрозат голот на Србија, со што пропуштија три изгледни прилики во завршницата од мечот, преку Енис Фазлагиќ, Лука Трајковски и Агон Елези.

Двете селекции имаат по еден освоен бод од две одиграни средби. Избраниците на Драган Канатларовски во следниот дуел гостуваат кај Фарските Острови на 7 октомври.