Репрезентацијата на Македонија остана на 68-та позиција на октомвриската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), заедно со Зелено’ртските Острови, со по 1.338 поени. Македонија во месецот што е на истек одигра два меча во Лигата на нациите (ЛН), забележа една победа, дома над Лихтенштајн со 4-1, и еден пораз, на гости од Ерменија со 0-4.

На првата позиција е Белгија (1.733 поени), која на врвот ја замени Франција, актуелниот светски првак, која е втора (1.732). Трет е Бразил (1.669), четврти е светскиот вицепрвак, Хрватска (1.635), петта е Англија (1.619), шести е Уругвај (1.617), седми европскиот шампион Португалија (1.616), осма е Швајцарија (1.598), деветта Шпанија (1.594), десетта Данска (1.584 поени) итн.

Од противниците на Македонија во ЛН, Ерменија е на 101-то (1.222), Лихтенштајн е на 182-то (936), а Гибралтар е на 190-то место (911 поени) меѓу 211 земји.