Фото: Игор Бансколиев

Фудбалската репрезентација на Македонија падна од 62. на 72. место на најновата ранг листа на ФИФА, на чиј врв останува Белгија, додека новиот европски шампион Италија уште е зад Англија, репрезентацијата која ја победи за европската круна.

Белгијците остануваат најдоброрангирани на листата пред Бразил, Франција, Англија и новиот европски шампион Италија. Во првите 10 места влегоа Мексико и САД, додека испаднаа Данска и Уругвај. Аргентина по освојувањето на Копа Америка е на шестото место пред Шпанија, Португалија, Мексико и САД.