Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста би можел да го пропушти полуфиналето против Арсенал од Лига Европа, откако му беше дијагностицирана повреда на тетивата на левата нога и ќе треба да одмора извесно време.

Шпанскиот напаѓач беше повреден во четвртокот вечер во Лигата на Европа против Спортинг Лисабон. Атлетико го загуби натпреварот со 0:1, но продолжува со вкупен резултат од двата натпревари од 2:1.

– При враќањето во Мадрид, медицинскиот штаб на клубот направи тестови на напаѓачот, а во дијагнозата се наведува дека има повреда на тетивата на левата нога. Сè уште не е јасно колку време тој ќе се опоравува – се вели во соопштението на клубот.

Атлетико гостува на Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа на 26-ти април, а на 3-ти мај е домаќин во реваншот.

Коста, кој минатата година се врати во Атлетико, има шест гола во 18 натпревари оваа сезона.