ФУДБАЛ – ПРЕД ДА ПРОДОЛЖИ СЕЗОНАТА ВО САД

Фудбалската сезона во САД треба да продолжи на 8 јули со турнирот наречен „МЛС се враќа“, во спортскиот центар на ЕСПН на Флорида, без публика. По турнирот треба да продолжи регуларната сезона. На Флорида 26-те екипи ќе играат за награден фонд од 1,1 милион долари, а првакот ќе се пласира во Лигата на шампионите на Северна Америка.

По овој турнир, кој треба да заврши на 11 август, ќе продолжи регуларната сезона во најсилната фудбалска лига во САД, МЛС, која беше прекината во март поради пандемијата на коронавирусот.

На турнирот е предвидено да се одиграат 54 натпревари за 26 дена, прво во групна фаза (ќе бидат формирани по три групи во секоја од двете конференции), а потоа од осминафиналето до финалето. Секој тим треба да одигра најмалку три меча, а финалистите по седум средби. Дуелите од групната фаза ќе се важат за пласманот на табелата во регуларната сезона, која беше прекината по второто коло.