Фудбалерите на торински Јувентус, Џанлуиџи Буфон и Кристијано Роналдо вчера се сретнаа со две деца кои се спасија од силниот земјотрес во Албанија.

Во земјотресот во Албанија загина 51 лице, а многумина останаа без покрив над главата.

Премиерот на Албанија, Еди Рама посети две дечиња и успеа да им исполни една голема нивна желба. Тие му кажале дека се навивачи на Јувентус, а најмногу ги сакаат голманот и напаѓачот на овој клуб.

Рама ги однел дечињата во Торино да се запознаат со фудбалските асови.

Средбата била срдечна, а младите навивачи на „старата дама“ добиле дресови со автограми за спомен.