Момент од мечот Академија Пандев - Работнички

Екипата на Вардар не успеа да победи на гостувањето кај Беласица, откако двата тима одиграа без голови во Струмица, во мечот од 22-то коло на фудбалската Прва лига.

Беласица имаше неколку добри шанси во првиот дел преку Балдовалиев и Ѓоргиев, но не успеа да реализира. Вардарци на почетокто на второто полувреме ја имаа најдобрата шанса, кога домаќините спасуваа од самата гол линија.

Вардар во наредното коло ќе му биде домаќин на Шкупи, додека Беласица гостува кај Македонија Ѓорче Петров.

Академија Пандев пак со головите на Дориев од пенал (45) и Миловановиќ (93) минута славеше против Работнички во Скопје. За „романтичарите“ убав гол постигна Кабрал во 95-та минута за конечни 1-2.

По триумфот, „пандевци“ се израмнија со вториот Вардар на табелата и до крајот ќе има водат битка за местата кои водат во Европа.

Резултати 22 коло 

Шкупи – Шкендија 1-0
Беласица – Вардар 0-0
Ренова – Македонија ЃП 0-0
Работнички – Академија Пандев 1-2
Силекс – Победа 1-0

Табела

1. Шкендија 47 бода
2. Вардар 39
3. Академија Пандев 39
4. Шкупи 33
5. Работнички 31
6. Ренова 27
7. Силекс 24
8. Македонија ЃП 23
9. Беласица 19
10. Победа 18