Фото: Фејсбук/Новак Ѓоковиќ

Американската конгресменка, Клаудија Тени ја крена дебатата околу тоа дали на Новак Ѓоковиќ треба да му биде дозволен влез во САД за настап на УС опен во Њујорк, на политичко ниво, барајќи од претседателот Џо Бајден да му дозволи на српскиот тенисер да влезе без да биде вакциниран против ковид-19.

За влез во САД е потребен доказ за барем двојна вакцинација, а самиот Ѓоковиќ вчера преку социјалните мрежи изјави дека тренира како да ќе биде на терените на Флешинг Медоуз. Репубиканската конгресменка Тени преку социјалните мрежи објави дека се обидува да добие поддршка кај своите колеги за дозвола за Ѓоковиќ.

„Напишав писмо до Државниот секретар барајќи да дозволи ти да играш на САД опен. Се обидувам да обезбедам дополнителна поддршка во Конгресот и ќе се обидам на секој начин. Среќно“, напиша Тени на Твитер.