Актуелниот претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), Даниел Димевски, доби нов 4-годишен мандат на денешното редовно изборно собрание во Скопје.
Од вкупно 61 делегат, присутни беа 45 кои гласаа по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател.
За Димевски беа 45 делегати, осум против и двајца воздржани. Иницијативиот одбор за смена на Димески вчера организираше собрание, на кое точка на дневниот ред беше и доверба на претседателот, но поради немање кворум собранието не се одржа.
Димевски прв пат беше избран за претседател на 29 октомври 2020 година. Претходните 28 години на чело на МОК беше Васил Тупурковски.