Фото: ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Oлександар Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако Валериј Залужни беше разрешен од функцијата.

– Го назначив генерал-полковник Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина – соопшти Зеленски.

Тој додаде дека од денска раководењето со украинската армија го презема нов тим.

– Сакам визијата за војната да биде иста за нашите војници во Роботин, Авдиевка и во Генералштабот – рече Зеленски.

Според него, Сирски има „успешно одбранбено и офанзивно искуство“ бидејќи, како што наведува, водел одбранбена операција во Киев и операција за ослободување во Харков.

Поранешниот началник на Генералштабот на украинската армија, Валериј Залужни, беше разрешен претходно денеска, соопшти украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Залужњи (50) стана врховен командант на украинската армија неколку месеци пред руската инвазија во февруари 2022 година. Под негова команда, украинските трупи спречија целосна инвазија и подоцна вратија некои окупирани територии.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на началникот на Залужни за одбраната на Украина, неколку дена откако медиумите објавија дека се очекува смена на првиот човек на украинската армија.