На 19. Светско првенство (СП) во одбојка, кое првпат се одржува во две земји, во Италија и во Бугарија, познати се 16-те репрезентации што обезбедија пласман во втората фаза. Тоа се Италија, Белгија, Словенија, Аргентина (група А), Бразил, Холандија, Франција, Канада (група Б), САД, Србија, Русија, Австралија (група Ц), Полска, Иран, Бугарија и Финска (група Д).

Натпреварите во втората рунда, во групата Е во Асаџо (Милано), ги продолжуваат домаќинот Италија, Холандија, Русија и Финска, во групата Ф во Болоња ќе играат Бразил, Белгија, Словенија и Австралија, во групата Г во Софија се САД, Иран, Бугарија и Канада и во групата Х во Варна ќе разигруваат Полска, Србија, Франција и Аргентина.

Пласман во следната трета рунда ќе обезбедат најдобрите четири селекции во групите, плус двете второпласирани со најдобар скор, кои потоа ќе ги продолжат натпреварите поделени во две групи со по три селекции. Првите две селекции од двете групи ќе играат во полуфиналето. Завршните натпревари ќе се играат во Торино.
Титулата светски првак од 2014-та ја брани Полска.