Македонската одбојкарска репрезентација загуби од домаќинот Финска со 1-3 (20-25, 15-25, 26-24 и 22-25 по сетови) на почетокот од Европското првенство.

По водството од 10-6 на стартот на првиот сет, Финска се врати за да го освои првиот сет и потоа да одигра уште подоминантно во вториот за 2-0 во сетови. Тимот на селекторот Николиќ, тогаш се „разбуди“ во одличниот трет сет, во кој македонските одбојкари прво спасија сет топка (24-23), а потоа намалија на 2-1. Но, во четвртиот сет едноставно немаше сили и концентрација, со што Финците успеаја да стигнат до победа.

Ѓорѓиев со 19 и Љафтов со 18 поени беа најефикасни кај Македонија, додека Сивула забележа 25 поени за домаќинот.