Животни

Мачките се многу пребирливи кога станува збор за храната, иако можеби не се однесуваат така. Тие, генерално, претпочитаат протеини во однос на другите групи храна. Многу од нив воопшто не се подготвени да пробаат нова храна, па дури и онаа што едноставно изгледа поинаку. Нивната омилена храна исто така се разликува од мачка до мачка. Повеќето мачки не сакаат одредена храна, како што се бананите, но зошто е тоа така?
Мачките не се љубители на банани пред сѐ поради мирисот на кората на ова овошје. Кората од бананата содржи хемикалија наречена етил ацетат, која е исклучително одбивна за мачките. Освен тоа, оваа хемикалија е токсична за нив, а ако мачките успеат да ја откријат, ја избегнуваат. Ако се запознаени со овој факт, сопствениците на мачки имаат навика да ја тријат кората од банана на места каде што не сакаат да бидат нивните мачки.
Етил ацетатот е органско соединение што се појавува како безбојна течност и мириса на лепило или лак. Долготрајната изложеност на мирисот на ова соединение може да предизвика вртоглавица или главоболка и да влијае на функцијата на бубрезите и црниот дроб.
Покрај горенаведената причина, мачките можат да ги избегнуваат бананите бидејќи не се запознаени со нивната структура и форма. А бидејќи обично се плашат од храна и предмети што им се непознати, ваквото однесување на мачката е многу логично.s