Животни
Составивме листа на хипоалергични кучиња, односно оние што не се митарат премногу, што значи дека со нив како домашни миленици нема да имате проблеми со кивање, кашлање и други алергиски реакции.
Бишон фризе: една од најпопуларните раси на кучиња меѓу луѓето што се склони на алергии е, секако, бишон фризе. Оваа слатка раса е позната по тоа што е многу лесна за дресирање и исклучително приврзана за својот сопственик. Иако има густи влакна, бишонот воопшто не е склон кон митарење. Вашата единствена обврска околу него ќе биде четкањето за да спречите таложење првут, а освен тоа, нема да имате некои поголеми проблеми со ова куче.
Ши цу: уште едно слатко кученце со долга коса е на нашата листа. Тоа е ши цу, куче што навистина изгледа како играчка. Тоа ќе бара секојдневно четкање на неговите влакна, за да не му се заплеткаат, а за таа услуга ќе ви се заблагодари со неколкучасовното галење. Толку е мал и компактен што можете да го носите насекаде.
Малтезер: ова е неодоливо симпатична раса, која со задоволство ќе ги следи вашите стапки каде и да одите. Дури и луѓето што имаат тешки алергии можат без проблем да го чуваат ова куче во домот. Плус, малтезерот не бара да го четкате секој ден.