Фото: Твитер

На распродадена свирка во Лондон, публиката скандира „Махмуд! Махмуд! Махмуд!“ додека италијанската ѕвезда го одржува претпоследното шоу од својата европска турнеја, пред да замине за настапот на „Евровизија“ неделава.

– Толку многу го чекав овој момент. Најдоброто нешто во оваа работа – пишување и компонирање музика – е конечниот резултат. Конечниот резултат е концертот бидејќи ја примате енергијата од луѓето што ја слушаат вашата музика – изјави 29-годишникот за емисијата „Би-би-си“.

Пандемијата го присили Махмуд да ја одложи својата турнеја, што значи дека не можеше да достигне глобален успех со својот хит „Солди“, кој освои второ место на „Евровизија“ во 2019 година.

Откако рок-бендот „Манескин“ победи за Италија минатата година, натпреварот за песна на „Евровизија“ се одржува во Торино каде што Махмуд повторно ќе учествува, со баладата „Бривиди“. Тој ќе настапи во дует со 19-годишниот Бланко.

„Бривиди“ е ран фаворит и најстримувана песна на овогодинешните учесници, но Бланко беше тој што предложи да биде претставена како кандидат во италијанско ТВ-шоу кое одлучува за пријавите.

Враќањето на „Евровизија“ за првпат од 2019 година, е атмосфера на забава што натпреварувањето ја носи во градот со уметници, новинари и обожаватели кои можат да се мешаат.

Планирани се настани низ Торино за илјадници меѓународни фанови кои ќе допатуваат на натпреварот за песна за прв пат по две години, славејќи го камбекот по откажувањето во 2020 година и воведувањето посебни правила и лимитиран број на публика во 2021 година.

Додека Европа се фали со обединувачкиот карактер на „Евровизија“, Македонија е опфатена во скандалот предизвикан од непромислениот гест на македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска. Таа за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме што наиде на остра реакција на јавноста. Набргу потоа Македонската Радио Телевизија (МРТ) соопшти дека ја разгледува можноста за повлекување на младата пејачка од Евровизија, по што Андреа во два наврата упати јавно извинување.