Здрава храна
Речиси нема човек, кој барем еднаш не се ожурал од коприва, па можеби затоа кога ќе ја забележиме сите ја заобиколуваме во широк лак. Меѓутоа, оваа билка е многу лековита.
Од коренот до цветот, секој нејзин дел има лековити својства. Освен тоа, копривата помага при главоболка, извонреден сојузник е во чистењето на крвта, а помага и кај сѐ почестиот проблем – зголемено ниво на шеќер во крвта. Исто така, може да помогне и при воспаление на уринарниот тракт, а добро влијае и на работата на цревата, помага во лекување болести на црниот дроб и ја намалува несоницата.
Токму поради сето ова, прочитајте како да приготвите чај од коприва, кој може да помогне кај јаки менструални крвавења, но и кај крвавења предизвикани од хемороиди. За да направите чај од листовите на оваа билка, полејте грст листови со два децилитри вода, а потоа оставете ја водата да зоврие. Потоа тргнете ја од ринглата и поклопете го лончето, околу десет минути. Исцедете го чајот и пијте три пати на ден по една чаша.