Здрава храна

Сливитe, кои периодов можеме да ги купиме на зелените пазари, се многу здраво овошје, кое се користи при заболувања на бубрезите, гихт, ревматизам, како и кај сите болести на црниот дроб. Калиумот, со минимално количество на натриум, ги забрзува мокрењето и исфрлањето на вишокот вода од организмот.
Консумирањето свежи сливи или разни преработки (мармалад, компот, суви сливи), поволно влијае врз намалувањето на високиот крвен притисок и ја зголемува заштитата од артериосклероза, но и од инфаркт.
Пектинот и сличните материи на него, кои имаат особина да набабрат во организмот, ја прават столицата мека и го олеснуваат празнењето на цревата. Ова својство на сливите го знаеле и го користеле уште Старите Римјани, приготвувајќи едноставен и ефикасен лек против запек: навечер се оставаат пет суви сливи во вода и наутро на празен желудник се јадат, а водата во која биле потопени се пие. Сличен ефект имаат и свежите сливи потпечени во рерна, како и компотот од суви сливи.
Свежо исцедениот сок од сливи содржи високо ниво на шеќери, до 17 отсто, на органски киселини, пектин, витамините Ц, П, Б1, Б2, каротин. Овој сок го поттикнува исфрлањето вода од организмот, го зголемува апетитот, го подобрува варењето, го прочистува цревата. Корисен е и во случај на нарушување на кисело-алкалниот баланс во организмот, при болка во желудникот и при болести на бубрезите.