Здрава храна
Ако сте како повеќето луѓе, вашата способност нормално да функционирате во текот на денот во голем дел зависи од вашиот филџан утринско кафе.
Не само што кафето ќе ви ја даде толку потребната доза кофеин туку зависно од тоа како го консумирате, од него ќе имате и други бенефиции за вашето здравје. На пример, обичното црно кафе (без додатоци) ќе предизвика многу корисни процеси во вашето тело.
Малку калории – во чаша обично црно кафе има само пет калории и нема шеќер, освен ако вие не го засладите.
Побрз метаболизам – кофеинот е природен додаток за согорување на маснотиите. Исто така, истражувањата покажуваат дека црното кафе го забрзува вашиот метаболизам од три до 11 проценти.
Кафето е диуретик – ако по пиењето на кафето одите во тоалет, треба да знаете дека тоа е сосема нормално. Имено, кафето е диуретик што помага во чистење на вашето тело од штетните токсини.
Помал ризик од некои видови канцер – лабораториските истражувања покажаа дека фитохемикалиите во зрната на кафето можат да помогнат во контролата на растот на клетките и го намалуваат развојот на клетките на канцерот. Ова особено се однесува на ракот на црниот дроб.