Здрава храна

Калинката е симбол на плодноста, изобилството, доброто здравје и вечниот живот. Ова растение потекнува од Персија, а низ историјата е класифицирано како плод на боговите. Во древните записи, светлоцрвените семки од калинка се споредуваат со крвта. Ним им се припишува способноста да ја обноват младоста, да го продолжат животот, како и способност за поврзување на светот на живите со светот на мртвите.
Во Ерменија на свадбената трпеза задолжително се наоѓала калинката, која требало да им ја обезбеди плодноста на младенците. На Старите Грци не им недостигало знаењето за чудотворната моќ на калинките, па затоа ова овошје било неизбежен украс на сите важни прослави, особено на оние во чест на плодната земја. Се разбира, сите овие легенди со текот на времето имаат сѐ послабо влијание на луѓето, но калинката сè уште се смета за еден од најатрактивните плодови на планетата. Историските митови денес се заменети со научни истражувања што ги потврдуваат верувањата за придобивките од калинката. Докажано е дека плодовите на калинката ја зголемуваат плодноста кај мажите, бидејќи позитивно влијаат на квалитетот и концентрацијата на спермата. Откриено е дека две чаши сок од калинка на ден го зголемува либидото, и кај мажите и кај жените, бидејќи ова овошје има ефект на зголемување на нивото на тестостерон кај двата пола.