Техно
Постои трик на Виндоус што го решава хаосот на работната површина со еден потег, а повеќето корисници никогаш не слушнале за него. Ако го фатите прозорецот за горниот раб и го протресете брзо, сите други отворени програми веднаш ќе бидат минимизирани. Само она на што работите ќе остане на екранот, без дополнително кликнување.
Оваа функција за првпат беше воведена во 2009 година во Виндоус 7, под името Аеро шејк. Во Виндоус 11 таа сè уште постои, но под името Тајтл бар виндоу шејк. Проблемот е што денес „Мајкрософт“ ја остава исклучена, па повеќето корисници дури и не ја забележуваат.
Трикот работи и во спротивна насока. Кога повторно ќе го протресете истиот прозорец, сите претходно минимизирани програми се враќаат на своето место. Функцијата може да биде особено корисна за време на видеоповици, кога треба брзо да ги скриете приватните апликации пред споделување на екранот. За да ја вклучите оваа опција, отворете ги поставките, потоа одете во систем и изберете мултитаскинг. Таму ќе најдете опција за протресување на прозорецот што треба да го вклучите. Промената се применува веднаш, без потреба од рестартирање на компјутерот.
































