Техно
Оперативниот систем андроид доаѓа со многу функции овозможени по дифолт, како што се адаптивна батерија што може да ги ограничи вашите апликации во заднина, претходно инсталирани Гугл-апликации, кои се синхронизираат во заднина и стандардно споделување и дијагностика на употреба, кои ќе ги забележите само ако ја погледнете Контролната табла за приватност. Но постојат и функции што не се веднаш вклучени и подготвени за употреба, иако се доста корисни.
Приватен простор: Оваа функција од верзијата андроид 15 создава изолирана средина на вашиот телефон, целосно одвоена од вашиот главен профил. Затоа, сите апликации што ги инсталирате таму не споделуваат податоци со вашиот главен профил, не се појавуваат во неодамнешните апликации или резултати од пребарувањето и не испраќаат никакви известувања додека просторот е заклучен. Ако го скриете, нема визуелна индикација дека постои. Ова може да биде корисно за работи како што се одделни сметки за пораки, банкарски или здравствени апликации до кои не сакате некој друг да пристапува преку вашиот телефон или деловни апликации поврзани со друга сметка на Гугл.
































