Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

Веројатно сте ја слушнале старата изрека „ти си тоа што го јадеш“. Иако, како и сè друго, не може да се сфати буквално, важно е да се разбере дека сè што јадеме, било да се тоа здрави сокови или брза храна, влијае на нашето тело на различни начини. Обрнете внимание на следните намирници, можеби го уништувате најголемиот орган без да знаете.
Млечни производи: Поголемиот дел од млекото што го користиме доаѓа од крави што се одгледуваат за молзење и кои, поради начинот на одгледување, имаат високо ниво на хормонот прогестерон, фактор на раст сличен на инсулин, како и други хормони што човечкото телото ги претвора во дихидротестостерон. Дерматологот Сипора Шејнхаус објаснува дека тоа е хормон што може да ја забрза работата на лојните жлезди и да предизвика акни кај чувствителните луѓе.
Ако се чини дека млечните производи не помагаат да ја одржите вашата кожа блескава и чиста, обидете се неколку недели да пиете оризово или бадемово млеко наместо кравјо млеко.
Слатки: Голем број студии покажуваат дека шеќерот и едноставните јаглехидрати се поврзани со појавата на акни.
Кофеин: Шолја или две кафе секој ден нема да наштети премногу, но повеќе од тоа, особено ако пиете енергетски пијалаци, чоколадни или други пијалаци со кофеин, може да доведе до предвремено стареење на кожата. Ако консумирате многу кофеин и се борите со брчките, можеби е време да почнете да се држите подалеку од кофеинот.
Солени грицки: Ако не го контролирате внесувањето сол, вашето лице може да се подуе, а исто така може да добиете ќеси под очите поради задржување на водата, како и сува кожа што пука или претерано мрсна кожа. Ова се начини на кои вашето тело ви кажува дека е доста и дека кожата е дехидрирана.
Алкохол: Алкохолот ја дехидрира кожата. Премногу алкохол ќе предизвика кожата да не ги добива потребните витамини и хранливи материи. Но и тоа не е сѐ. Опуштена кожа, преголеми пори, промена на бојата, брчки, недостиг од еластичност се нешта што би можеле да ги забележите доколку продолжите да пиете премногу.