Покрај тоа што е исклучително популарна во кујната, богатството од антиоксиданти и антиинфламаторни својства ја прави жалфијата одличен додаток на природната козметика. Иако нема многу истражувања за ефектот на жалфијата на кожата на лицето, познато е дека жалфијата може да има благотворно дејство на кожата: ја храни и ја смирува кожата, ги отстранува неправилностите, како лузни, брчки и дамки, ја штити кожата од знаците на стареењето, има антиинфламаторни и антигабични својства.

Во една студија, објавена во 2013 година во списанието „Био мед интернешнел рисрч“, докажано е дека етеричното масло од жалфија има значителни антиинфламаторни својства. Постојат неколку начини на кои можете да ја користите жалфијата за да ги искусите нејзините корисни својства на вашата кожа. Без разлика дали имате етерично масло од жалфија или листови од жалфија, можете да ги користите за да направите базно масло, маска за лице или тонер.

Етеричното масло од жалфија треба да се разреди во избраното базно масло пред да се нанесе на лицето. Важно е да се избегне нанесување на неразредено масло од жалфија директно на лицето. Две капки етерично масло од жалфија разредени во една лажица базно масло по ваш избор ќе бидат сосема доволни за да можете да го користите маслото од жалфија како крем за лице.

Поради своите противвоспалителни својства, маската со жалфија се препорачува за лица со проблематична кожа и акни. Состојки што ви се потребни се една лажица мед, две лажичиња масло од јојоба и едно лажиче сечкани листови жалфија (или две капки етерично масло од жалфија). Додајте листови жалфија или етерично масло од жалфија во добро измешаната мешавина од мед и масло од јојоба. Нанесете ја маската на лицето, оставете да дејствува 10-15 минути и измијте го лицето со топла вода.