Медицински совет
Одењето на стоматолог за децата не мора да биде негативно искуство што создава страв кај детето. Може да се постигнат добри резултати преку игра и забава и посебен пристап кон секое дете поединечно за да му се помогне да го надмине стравот од стоматологот.
Развивањето рани позитивни искуства кај децата е многу важно за некоја понатамошна стоматолошка интервенција кај децата. Освен што треба да се обезбеди стоматолошка услуга, важно е да им се олесни присуството на децата на забар. Кога ќе влезат во ординација, тие не треба да чувствуваат како да влегле во здравствена установа, туку како да влегле во соба за игри. На овој начин децата се ослободуваат и ја олеснуваат интервенцијата.
Едукацијата и превенцијата се многу важни. Сè започнува со добра превенција, потребно е да се покаже важноста на превентивната стоматологија. Не зависи само од лекарите туку и од родителите на децата. Тие треба да сфатат колку е важно да се одржува оралната хигиена, барем двапати на ден, а пожелно е и повеќе да се користат соодветни четки, помагала, урамнотежена исхрана.
Ако стоматолозите се едуцираат како да си играат со децата додека се во нивната ординација, на пример, како наместо дупчалки да користат играчки со кои се обидуваат да ги „исчистат црвите“, децата ќе доаѓаат со насмевка, дури и оние што се плашат.