Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

  • Тој е првиот Шпанец што триумфирал на таа трка во претходните 12 години (Контадор победи во 2014 година)

Шпанецот Енрик Мас (31) ја освои титулата на грантур-трката Вуелта, која се вози низ Шпанија и така стана првиот Шпанец што триумфирал на Вуелта во претходните 12 години (Алберто Контадор победи во 2014 година).
– Бев нервозен. Беше тоа ден со помешани емоции – рече Мас, кој досега трипати бил второпласиран (2018, 2021 и 2022 година)
Втор годинава е Словенецот Примож Роглич со две минути и 15 секунди заостанување, а трет е Австриецот Феликс Гал со две минути и 44 секунди послабо време од Мас. Големиот фаворит и петкратен шампион на Тур де Франс, Словенецот Тадеј Погачар, се повлече од тринеделната трка за време на осмата етапа, откако претрпе повеќекратни повреди при пад и мораше да оди на операција.
Британецот Метју Бренан (21) ја заврши последната етапа од 112 км како четврти, по динамична завршница со неколку соло-напади, која кулминираше со тоа што Тобијас Холанд Јоханесен од Норвешка за нијанса го победи Италијанецот Алесандро Ромеле. Бренан блесна на својата прва грантур-трка, победувајќи на пет етапи, што доведе до рани споредби со достигнувањата на Марк Кевендиш, кој се повлече од спортот на крајот на 2024 година со рекордни 35 етапни победи на „Тур де Франс“. Г.И.


НАЈМНОГУ ПОБЕДИ НА ВУЕЛТА

Роберто Херас (Шпанија) 4 (2000, 2003, 2004, 2005 г.)
Примож Роглич (Словенија) 4 (2019, 2020, 2021, 2024 г.)
Тони Ромингер (Швајцарија) 3 (1992, 1993, 1994 г.)
Алберто Контадор (Шпанија) 3 (2008, 2012, 2014 г.)