Медицински совет

Честа вознемиреност, нервоза и бес во секојдневните случувања се знаци дека ви е ослабнат имунитетот на психата. Има неколку совети од стручњаците како да го зајакнете и полесно да ги поднесете секојдневните фрустрации. Кога постои пречка во исполнувањето на нашите желби се јавува емоционална реакција што ја нарекуваме фрустрација. За некои луѓе и чекањето е фрустрација, како и носењето важна одлука. И самиот однос кон животот и неговите правила може да нѐ фрустрира. Што да се прави за да се ублажи ова чувство?
Пред сѐ, треба да веруваме во себе дека можеме да го издржиме сето тоa, да развиваме трпение и внатрешен мир, спосoбност за одложување на задоволството и за прифаќање на незaдoволството.
Но не треба ниту да си ги потиснуваме желбите, да се откажуваме на чекор до целта, да не се криеме, туку да ги прифатиме проблемите. Да сфатиме што е она што нѐ вади од такт. Како што физичкиот напор го јакне телото, така и оптималното изложување на фрустрација, трпението и самодовербата дека можете да го совладате тоа го развиваат вашиот внaтрешен мир. И до имунитетот на психата се доаѓа со вежби, физички и ментални, а не се бегање од проблемите.