Медицински совет

Сигурно ги читате упатствата дека апчињата треба да ги пиете со чаша вода. Наодите на една нова студија сугерираат дека тоа навистина е важно. Последното издание на „Саудиски фармацевтски журнал“ ги објави резултатите од студијата што се занимава со ефектите врз лековите при консумирањето разни пијалаци.
Истражувачите разгледале пет лека што се купуваат без рецепт, кои се користат за ублажување на болката, за разни воспаленија и против алергии. Заклучокот е дека „тестираните пијалаци не треба да се користат како замена за вода при земање лекови“
Кафе: Студијата сугерира дека топлите пијалаци, како што е кафето, може да ги променат хемискиот состав на лекот и времето потребно за разградување.
Сок од портокал: Резултатите од оваа студија открија дека сокот од портокал има најголем ефект врз временското ослободување на лекот.
„Кока кола“: Овој популарен пијалак го забрзува распаѓањето на повеќето лекови испитани во студијата, освен оној наменет за лекување симптоми на алергија.
Енергетски пијалаци: Се подразбира штетноста на енергетските пијалаци. Во оваа студија, исто така, беше откриено дека тие се меѓу напивките што не треба да се консумираат при земање лекови.
Матеница: Во оваа студија беше испитувано и матеното млеко, производ добиен со матење путер и млеко, а неговиот ефект сугерира дека млечните пијалаци воопшто не се идеални за земање апчиња.