Друштвото на писателите на Македонија распишува конкурс за најдобра песна и најдобар есеј на манифестацијата „Празник на липите“. На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ анонимно, а изборот за најдобра песна, односно есеј, ќе го врши тричлена стручна комисија.
Песната или есејот треба да се испрати во четири примероци потпишани со шифра на адресата: улица Максим Горки, бр. 18, 1000 Скопје, или преку електронска пошта на адресата: [email protected] најдоцна до 15 јуни 2022 година.
Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во втората половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително и навремено објавен.
– Напоменуваме дека е потребно учесниците што ќе учествуваат по електронски пат да направат нова адреса за електронска пошта исклучиво наменета за конкурсот, која нема да ги оддава нивните лични податоци и ќе го гарантира принципот на анонимност – посочуваат од ДПМ.