Галеријата „Метаноја“, во соработка со Балканскиот институт за вера и култура, ја организира изложбата „Патина на љубовта“ на Синиша Новески, утре, од 19 часот, на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до 6 март.
За изложбата, Коста Милков вели дека скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта“ зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи“ го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како „патина на љубовта“, а неговиот уметнички израз е посветен на „претставување“ и толкување на оваа најголемо животно „таинство“.
На изложбата ќе се обратат рецензентот Коста Милков, директорката на „Метаноја“, Нада Милкова, и авторот на делата Синиша Новески.