На 10 март, со почеток во 19 часот, во галеријата на Кинотеката ќе биде отворена ликовната изложба „Првите 30“ на Касиопеја Наумовска. Поводот за оваа изложба е тридецениското творештво на уметницата Наумовска.
– Тешко е да се пишува за луѓе што ги познаваш и ги сакаш! Уште потешко е да се пишува за луѓе што добро ги познаваш и многу ги сакаш! Кога станува збор за пригодна реч по некаков повод, каков што е јубилејниов, 30 години творештво на Касиопеја Наумоска, чинам дека пишувањето станува просто невозможно остварлива мисија?! А не е првпат да пишувам за Каси!
Затоа што Каси и јас последните 10 години од нејзиното плодно 30-годишно творештво изнапишавме во нашиот заеднички Месинџер текстови колку за трипати по 30 години дружење и творење, веројатно водени од побудата да ги надоместиме сите оние силни години во кои не се познававме лично – пишува Васко Шутаров.
Како што додава, тој го познава творештво на Касиопеја од нејзините официјални авторски почетоци од раните 1990-ти години.
– Уметноста е единствената сериозна работа на овој свет. А уметникот е единствена личност што никогаш не е сериозна. Целта на уметноста е да ја открие уметноста и да го скрие уметникот. Уметноста ни овозможува да се изгубиме и да се пронајдеме себеси, во исто време. Можеш да гледаш во некоја слика цела недела и потоа никогаш да не помислиш на неа. Можеш и само за миг да погледнеш во некоја слика и потоа цел живот да мислиш на неа… Уметностa е линијата околу твоите мисли… Да се биде уметник значи да се верува во животот. Уметничкото дело е врeскот на слободата. Секое дете е уметник, проблемот е само дали ќе остане уметник кога ќе порасне! Во уметноста, како и во љубовта, доволен е инстинктот. Да фрлиш светлина во срцeтo, тоа е повикот на уметноста. Силни причини создаваат силни дела! Уметноста не е никогаш завршена, само за момент е напуштена. Одличниот уметник е најголемото благо на една нацијa – додава Шутаров. С.Ј.