Познатата американска актерка Џулијан Мур ќе претседава со жирито на Филмскиот фестивал во Венеција во септември, објавија организаторите. Мур, која доби „оскар“ за улогата во „Стил Алис“ во 2014 година, ќе раководи со шестчленото жири на единаесетдневниот фестивал на гламурозниот остров Лидо.
Во жирито ќе доминираат режисери, меѓу кои Аргентинецот Маријано Кон, Италијанецот Леонардо ди Костанца, Шпанецот Родриго Сорогоен и Французинот Одри Диван.
Диван минатата година го освои „златниот лав“ за филмот „Ивент“, кој се занимава со абортусот. Во жирито ќе бидат и иранската актерка Лејла Хатами и јапонско-британскиот сценарист Казуо Ишигуро.
Филмскиот фестивал во Венеција е најстариот во светот и еден од најпрестижните, заедно со фестивалите во Кан и во Берлин. Неговото 79-то издание ќе се одржи од 31 август до 10 септември.