Фото: Горан Анастасовски

Денеска, 2 април, се одбележува Светскиот ден на литературата за деца! Првпат бил прославен во 1967-та, а оттогаш секоја година овој датум е убав повод да се промовира љубовта кон читањето кај децата и да се нагласи важноста на книгите.
Датумот го означува роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, прочуениот дански автор, познат по делата како „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“, „Снежана“, „Царевото ново руво“ и многу други.
Настанот го промовира Меѓународниот одбор за книжевност за деца, кој секоја година има посебна тема и порака.
Литературата за деца вклучува приказни, книги и песни, во кои тие можат да уживаат. Модерната литература за деца се класифицира на два начина – по жанр или по возраст. Крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век се нарекува „златните години за литературата за деца“, со издавањето огромен број книги што денес важат за класици.
Литературата наменета за најмладите читатели и денес е предизвик за сите издавачи, кои се трудат секогаш да одат во чекор со времето и на децата да им понудат интересни наслови, кои ќе го задржат нивното внимание, и визуелно и со својата содржина.